На ден 09.01.2015 година Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ склучи договор за соработка со Филозофското Друштво на Македонија (ФДМ). Овој договор за двете страни претставува основа за остварување на заедничките интереси во творештвото и промоцијата на филозофските, научните и другите академски вредности и дисциплини во Македонија и пошироко.
Меѓусебната соработка која ќе биде изразена преку организација на домашни и меѓународни филозофски, научни и други академски конференции и собири, спроведување филозофски и други истражувачки проекти и студии, издавање и печатење списанија, размена на професори и предавачи итн, ќе ги оствари основните цели на овој договор, а тоа се МСУ и ФДМ да придонесат: