Доц. д-р Григор Михајлов и Ирина Валкова во посета на МСУ во рамките на Еразмус+ програмата
8 јуни 2022Успешно заврши првиот ден од Меѓународната Летна Лидерска Академија во хотел „Континентал“, Скопје
9 јуни 2022Денес, 8 јуни 2022 година, м-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународниот Славјански Универзитет, зема учество на панел дискусијата на првиот локален форум на женско претприемништво во Велес. М-р Михаела Ѓорчева е на листата Forbes 30 Under 30 – Europe во која Форбс истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години во 10 категории.
Овој локален форум е прв од ваков карактер во Велес, а воедно и во нашиот регион, но е втор од серијата локални форуми за женско претприемништво кои се реализират во повеќе градови и региони низ Република Северна Македонија. Панел дискусијата беше на тема: „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво”, а покрај м-р Михаела Ѓорчева панелисти беа:
- д-р Христина Игнатовска – Димитрова, Директорка на Работничкиот Универзитет „Благој Страчковски“ – Велес
- Александра Андреева – сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ, Управен одбор на Комора на сметководители на Македонија
- Весна Ѓорѓиева – Претседател на Комисија за еднакви можности од Општина Кавадарци
- Eлица Јаневска – Виш соработник за активни мерки за вработување, Агенција за вработување – ПЕ Велес
На настанот поздравни говори имаа господин Марко Колев, градоначалник на Општина Велес, госпоѓа Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружение на бизнис жени, и г-ѓа Емилија Андонова, програмски координатор во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (МИР).
Модератор на настанот беше Снежана Димитриевски, локален координатор на Националната платформа за женско претприемништво во Вардарскиот плански регион.