Промоцијата на книгата „Положбата на жените во антиката“ (Правни папируси од Птолемајски и Римски Египет) од Даниела Тошева (Пролог, превод од старогрчки и латински, белешки и коментари) се одржа на 21 јануари, во 12:00 часот во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе пред ограничен број на публика, согласно ковид протоколите.
Промотор на книгата беше проф. д-р Војислав Саракински, професор на Институтот за Историја, Филозофски факултет. На настанот присуствуваше и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.
Изданието е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а е во издание на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Оваа книга е предвидена како „студија на случаи“, бидејќи предмет на истражување се конкретни случаи преземени од правните папируси пронајдени во Египет во текот на XIX век, кои припаѓаат на птолемајскиот и на римскиот период.
Имено, направен е избор на папируси напишани на грчки и на латински јазик, кои се однесуваат на жената и нејзината положба во антиката во сите области од живеењето, особено од областа на брачното и на имотното право.
Оттука, најголемиот дел од папирусите според содржината се: (пред)брачни договори, договори за развод на брак, потоа документи со кои се потврдува деловната (не)способност на жената, документи што претставуваат тестаменти во кои жената е завештател и во кои таа е наследник, барања упатени до официјални лица во врска со насилство врз жената, судски спорови во врска со наследство, законски одредби кои илустрираат одредени правила во договорите, цензорски списоци, кои даваат статистички податоци за склучување и разведување на бракови, за раѓањето на деца, итн.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |