
Се одржа предавањето „Бизнис модел CANVAS“ со проф. д-р Самоил Малчески
24 јуни 2021Известување за подмирување на студентски трошоци
29 јуни 2021„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ беше деветтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.
„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ се одржа на 24 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше над 230 учесници. Предавачи беа:
- проф. д-р Шеќеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и професор на група предмети во областа меѓународен менаџмент и меѓународна економија
 - Неговата екселенција амбасадорот Веле Трпевски, искусен познавач на економската дипломатија
 - Адвокат м-р Мимоза Салтирова, адвокат со иксуство во економска дипломатија
 

Преку вистински примери разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат глобалните менаџери – начинот на подготовка за интернационална работа, средба со нова култура и нов јазик, промени во кариерата и личниот живот итн.
Во агендата беа опфатени следниве точки:
- Економската дипломатија како интегрален дел на надворешната политика
 - Деловната комуникација во меѓународната економска дипломатија
 - Развој на економската дипломатија
 - Предизвици на економската промоција и потребата за адаптација и флексибилност во пристапот согласно условите на пазарот
 - Културните разлики во економската диопломатија и организирање бизнис состанок
 

Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.





