Македонската дигитална маркетинг агенција „Media Solutions“ годинава по 11 пат го организираше изборот на Сајт на годината и од вкупно 533 номинирани сајтови прогласи по три победници во 18 категории.
На 11-тата по ред манифестација Сајт на годината, веб страницата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е трето место во категоријата Образование, наука и култура. Им благодариме на сите наши студенти и соработници кои гласаа за нашата веб страница.
Во категоријата Образование, наука и култура второто место припадна на fakulteti.mk, а првото на приватното средно училиште „Јахја Кемал“.
Фејсбук групата „Ковид19 искуства и совети“ е победник на годинешниот избор за Сајт на годината, што „Media Solutions“, која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, со поддршка на Министерство за култура го организираше по 11 пат. Станува збор за проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во нашата земја.
Прогласувањето на победниците за 2020 година што се одржа на 16-ти декември беше проследено од голем број гледачи преку онлајн стриминг платформи достапни на Sajtnagodinata.mk и на Фејсбук профилите на организаторот „Media Solutions“.