На 9-ти јуни во Свети Николе се одржа саем на книга, со кој беше одбележан крајот на учебната година.
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Издавачка куќа МЦСП (официјална издавачка куќа на универзитетот) ги изложија своите изданија пред граѓаните на Свети Николе, заедно со уште неколку издавачки куќи од Македонија.
Настанот го организираше Градската библиотека при Дом на култура Св. Николе, а настап имаа ученици од основните училишта „Гоце Делчев”, „Кирил и Методиј”, „Даме Груев” и Културно уметничкото друштво „Јанко Глигоров” од Свети Николе.