На МСУ во Свети Николе беше одбележан рускиот празник Масленица
13 март 2021Студентски блог: Можеш да кажеш НЕ, а сепак да си добар човек – Јована Михаела Цингар
19 март 2021Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Ве предизвикува да направите најкреативна маска по повод 1-ви април.
Пандемиските вонредни услови кои нè ставија во ситуација цел свет да носи маски, извонредно нè демаскираа и на виделина излегоа човечноста и нечовечноста, кои ниту една маска не може да ги прикрие. Прашањето е: „Преку маска до личност, или пак, преку маска до безличност?“.
Со овој конкурс сакаме да Ви овозможиме да се изразите креативно, бидејќи креативноста не бара услови, туку условите ја пронаѓаат неа. Имате можност да ни испратите маски, направени за овој награден конкурс и заеднички да оставиме белег на времето и просторот.
Сите пристигнати дела ќе бидат изложени на виртуелната изложба на најкреативните маски која ќе се одржи на 1-ви април 2021. За да присуствувате на виртуелната изложба потребно е да се регистрирате на следниов линк. Максималниот број на учесници на изложбата е илјада.
Услови за учество
- Конкурсот се спроведува преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
- Учесниците ги испраќаат делата во форма на фотографија.
- Учесниците можат да учествуваат со маски направени од материјал по нивни избор изработени во било која техника.
- Секој учесник може да учествува на конкурсот со едно дело.
- Дозволено е учество на сите генерации.
- Дела кои веќе учествувале на други конкурси не се дозволени.
- Делата треба да бидат со добар квалитет и висока резолуција.
- Сите пристигнати дела ќе учествуваат на виртуелната изложба на најкреативните маски која ќе се одржи на 1-ви април со почеток од 19:00 часот.
Како да учествувате
- Учесниците ги испраќаат нивните дела како фотографии на konkurs@kultura.msu.edu.mk заедно со име и презиме на авторот, возраст, адреса на живеење, населено место и телефонски број.
- Потоа, ние ги објавуваме делата на Инстаграм и Фејсбук профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
Критериуми
Жирито ќе ги оценува делата според следните критериуми:
- соодветност на темата – 50%
- техника на реализирање на делото – 20%
- оригинална идеја и креативност – 30%
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи тројца победници.
Жирито го задржува правото да дисквалификува дела за кои смета дека се неоригинални или плагијати.
Награди
Ќе бидат селектирани тројца победници кои ќе добијат:
- 1 место – златна плакета + комплет за сликање со платно
- 2 место – сребрена плакета + книги + комплет за сликање
- 3 место – плакета + комплет за сликање
Времетраење
Конкурсот започнува на 16-ти март и трае до 30-ти март 2021. Изложбата ќе се одржи на 1-ви април од 19:00 часот. Објавувањето на резултатите ќе биде на втори април 2021.