Меѓународен Славјански Универзитет со гордост ја објавува веста за изборот на нов ректор – проф. д-р Васко Стамевски, истакнат професор од Факултетот за правни науки, кој од оваа академска година ја презема раководната функција на Универзитетот.
Проф. д-р Васко Стамевски е докажан академски лидер со богато искуство во високото образование, научноистражувачката дејност и управувањето.
Неговата долгогодишна посветеност на науката и активното учество во унапредување на наставата и квалитетот на студиите на Факултетот за правни науки претставуваат силна основа за неговата нова улога. Со новото раководство, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува со својата мисија за развој на модерни студиски програми и поддршка на научната мисла. Очекуваме нови перспективи, проекти и иницијативи кои ќе придонесат за уште поголема видливост и влијание на универзитетот во земјата и пошироко.
Му посакуваме успешно работење и силна поддршка од академската заедница на нашиот нов ректор, со уверување дека заедно ќе продолжиме да градиме универзитет кој ги инспирира идните генерации!