Во најновата епизода од студентскиот поткаст гостува проф. д-р Ѓорѓина Кимова од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.
Шестата епизода од студентскиот поткаст „На студентско кафе со…“ беше прикажана на 20. јули 2024 година. Во оваа епизода, проф. д-р Ѓорѓина Кимова ги споделува своите искуства и разговара за важноста на примена на концептот за доживотно учење.
Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти на МСУ, го водеше интервјуто и поставуваше прашања од интерес на студентите.
Бидете дел од овој наш проект и придружете ни се секоја сабота за нова епизода од поткастот „На студентско кафе со…“.
Ве покануваме да предложите тема и професор со кој би сакале да разговараме. Вашите идеи се секогаш добредојдени и ќе ни помогнат да го направиме поткастот уште поинтересен и порелевантен за вас. Вашите коментари и предлози може да ги испраќате преку формата дадена подолу.
Следете не и останете во тек со најновите епизоди!