Проф. д-р Ерхан Каја од Универзитетот Намик Кемал во Текирдаг, Република Турција деновиве беше во посета на Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен кадар.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе на 12 јуни 2023 година оствари средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор при МСУ и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.