Денес деканот на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ проф. д-р Александар Илиевски и ректорот на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија, проф. д-р Владимир Стромов, имаа состанок на кој беа разгледани повеќе прашања во врска со соработката на двата универзитети и размените на студенти и професори.
Средбата се одржа на еден од кампусите на нашиот партнерски универзитет во Тамбов, Русија.
На средбата присуствуваа и проректорот за меѓународна соработка проф. д-р Татјана Осадчаја и Јуриј Зусман, раководител на Одделот за меѓународна соработка.
По завршување на состанокот беа разменети подароци и беше обновен договорот за програмата за двојни дипломи за студентите од нашиот универзитет.
Во моментов 7 наши студенти се во Тамбов, Русија и следат часови по психологија и економија, кои им се потребни за стекнување со (покрај македонската и) руска диплома.