Почитувани студенти,
деновиве добивме информации дека некои од студентите не можат да пријават испити преку онлајн апликацијата поради технички проблеми. За да се надмине проблемот и да се овозможи полагање за сите заинтересирани студенти одлучивме да ги преземеме следниве мерки:
- Студентите кои не можат да ги пријават испитите преку онлајн апликацијата да достават меил до Службите за студентски прашања и тоа:
- Свети Николе: studentski@msu.edu.mk
- Битола: bitola@msu.edu.mk
- Пораката да биде испратена најдоцна до сабота (20 јуни) до 12:00 часот.
- Во пораката задолжително да бидат наведени следниве податоци:
- Име и презиме на студентот
- Број на индекс
- Предмети кои студентот сака да ги пријави
- Телефон за контакт
- Студентите потоа ќе бидат контактирани од Службите за студентски прашања.
- Во овој случај трошоците за полагање на испит можат да се регулираат преку уплата во банка со уплатница, со назнака „Пријава за испит“.