
Меѓународен Славјански Универзитет на свечениот прием во чест на Националниот празник на Австрија
5 ноември 2025
Повик за студенти од МСУ – Blended Intensive Programme во Алба Јулија, Романија
6 ноември 2025Денес на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше организирана презентација на пакетот лиценцирани софтверски решенија на Форензичкиот и кибернетичкиот центар, кој му беше доделен на универзитетот од страна на Passion International University од Денвер, сојузната држава Колорадо, Соединетите Американски Држави.
Ова претставува втор центар од овој тип што ќе се отвори во регионот, додека првиот веќе успешно е воспоставен на Универзитетот Финра, во Тузла, Босна и Херцеговина.


На присутните им се обратија проф. д-р Јордан Ѓорчев и проф. д-р Исмет Калиќ, кои го истакнаа значењето на развојот на современи лабораториски капацитети во областа на дигиталната форензика, кибернетичката безбедност и заштитата на податоци.
Детална презентација за работата и функционалностите на центарот одржа проф. д-р Хаџиб Салкиќ, кој го претстави интегрираниот пакет софтверски алатки наменет за практична настава, научно-истражувачка работа и стручно усовршување во домените на заштита и безбедност на податоци, контрола и ревизија на информациски системи, како и управување со мрежни инфраструктури.



Центарот ќе им биде на располагање на студентите и професорите за реализација на наставни модули и истражувачки проекти, а истовремено ќе овозможи и соработка со државни институции како што се Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за безбедност, безбедносни агенции и други релевантни тела што делуваат во областа на информациската и кибернетичката безбедност.
Овој значаен чекор ја потврдува определбата на универзитетот активно да придонесува во развојот на стручните и истражувачките капацитети во дигиталната ера, преку меѓународна соработка и размена на знаења меѓу академските и институционалните партнери.





