Меѓународен Славјански Универзитет продолжи со презентирањето на своите студиски програми пред матурантите. На 30 март 2023 година (четврток) се одржа презентација на наставните програми пред матурантите од СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје. Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, како и останатите отворени конкурси.