
Меѓународен Славјански Универзитет потпиша договор за деловна и академска соработка со Универзитетот Финра од Тузла
4 ноември 2025Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандум за соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, со што се воспоставува долгорочна основа за академска и стручна соработка помеѓу двете институции.
Меморандумот го потпишаа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, и Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз на Град Скопје. Соработката има за цел унапредување на пристапот до високото образование за членовите на Сојузот, како и заедничко организирање на едукативни, промотивни и општествено одговорни активности.

Со договорот се овозможува попуст од 10% на школарината за сите студиски програми од прв и втор циклус на студии за членовите на сојузот, со можност за дополнителни поволности до максимални 20%, во согласност со внатрешните правила и критериуми на Универзитетот.

Соработката исто така опфаќа развој на заеднички проекти и кампањи од областа на безбедноста и превенцијата, реализација на обуки, квиз натпревари, тематски предавања и други активности со образовен и јавен карактер.
Овој договор претставува конкретен чекор во насока на поврзување на академската заедница со клучните чинители во системот на заштита и спасување, и отвора нови можности за личен и професионален развој на сите вклучени страни.



