На 29 март 2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за правни науки при Мeѓународен Славјански Универзитет и Основен суд Битола. Потписник за Факултетот за правни науки беше деканот проф. д-р Иван Ефремовски, а потписник за Основниот суд Битола беше в.д. претседателот м-р Драган Јаковлевски. На потпишувањето на договорот присуствуваше и продеканот за настава, доц. д-р Марија Гроздановска.
Целта на Меморандумот е продлабочување на соработката на полето на образованието, науката и практиката. Врз основа на Меморандумот студентите ќе можат својата практична настава да ја реализираат во Основен суд Битола, каде ќе стекнат практични знаења и вештини кои се применуваат во постапките кои се водат пред Основните судови.