
Отворена изложба на проф. д-р Јордан Ѓорчев во галеријата „Безистен“ во Штип
24 март 2026Денес, на кампусот на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе беше потпишан Меморандум за соработка со Мрежата на македонски доброволни противпожарни друштва. Потписници на договорот беа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на МСУ, и Кирил Михајлов, претседател на Мрежата.
Со потпишувањето на меморандумот се воспостави основа за развој на соработка во областа на едукацијата и практичната обука, особено во делот на противпожарната безбедност. Мрежата, преку свои активни и стручно подготвени членки, ќе овозможи реализација на практични форми на настава за студентите на МСУ, со посебен акцент на студиската програма „Безбедност од пожар“. Во рамки на договорот, беше предвидено организирање на заеднички активности како обуки, работилници, кампањи и теренски активности, насочени кон унапредување на знаењата и вештините во областа на заштитата и спасувањето. Истовремено, соработката има за цел и подигнување на свеста кај младите и пошироката јавност за значењето на противпожарната безбедност.
Овој меморандум претставува значаен чекор кон јакнење на практичната настава и поврзување на академската заедница со релевантни институции и организации, со цел создавање на подготвени и одговорни кадри во областа на безбедноста.









