На 23 декември 2020 беше потпишан договорот за грант за мобилност во високо образование од Еразмус+ програмата. Потпишувањето на договорот беше организирано во хотел Хилтон, Скопје, како дел од инфо денот и конференцијата за високо образование, на која присуствуваа и потпишаа договори претставници од речиси сите високообразовни институции од Република Северна Македонија. Во рамки на конференцијата се одржа и панел дискусија на тема „Како да се зборува со младите генерации”.
Договорот беше потпишан од ректорката на МСУ проф. д-р Ленче Петреска и в.д. директорот на Националната агенција, м-р Марко Ѓоргиевски.