Почесни инсигнии за нашиот професор, Струмичкиот Митрополит Наум

Делегација од МСУ во Велико Трново по повод 55-годишнина од основањето на ВТУ „Св. св. Кирил и Методиј“
8 ноември 2018
Промоција на учебници од Факултетот за правни науки
14 ноември 2018

Почесни инсигнии за нашиот професор, Струмичкиот Митрополит Наум

Нашиот професор, Неговото Високопреосвештенство, проф. д-р Наум Илиевски, Митрополитот Струмички, е награден со највисокото почесно звање на Великотрновскиот универзитет за неговите заслуги како еден од најистакнатите современи богослови, научници, писатели и преведувачи. Ректорот на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христо Бонџолов ги врачи почесните инсигнии „Doctor honoris causa“ на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум.

Свечената церемонија на која присуствуваа студенти, професори, духовни лица и претставници од нашиот универзитет, се одржа на 7 ноември во ректоратот на Великотрновскиот универзитет.