Општина Крушево организираше светски куп во параглајдерство под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ кој се одржуваше од 26.05.2019 до 01.06.2019 година на Мечкин камен во Крушево.
На натпреварот учествуваше и нашиот студент и параглајдерист Борјан Јовановски кој го освои првото место во спортската класа на Крушевскиот пролетен куп, по што се здоби со уште еден трофеј во својата колекција.
По објавувањето на овие резултати тој се најде и на третото место на светската ранг листа во прецизно слетување.