Параглајдеристот Борјан Јовановски се најде на светската ранг листа

Известување за неработен ден – 4 јуни 2019 година (вторник), Рамазан Бајрам
3 јуни 2019
Конкурс во рамките на Еразмус+ програмата
5 јуни 2019

Параглајдеристот Борјан Јовановски се најде на светската ранг листа

Општина Крушево организираше светски куп во параглајдерство под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ кој се одржуваше од 26.05.2019 до 01.06.2019 година на Мечкин камен во Крушево.

На натпреварот учествуваше и нашиот студент и параглајдерист Борјан Јовановски кој го освои првото место во спортската класа на Крушевскиот пролетен куп, по што се здоби со уште еден трофеј во својата колекција.

По објавувањето на овие резултати тој се најде и на третото место на светската ранг листа во прецизно слетување.