
Одржан еднодневен семинар „Здрави работни места: Менаџирање на стрес во работно опкружување“
19 март 2026
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МСУ и Мрежата на македонски доброволни противпожарни друштва
24 март 2026На 19 март, во галеријата „Безистен“ во Штип беше свечено отворена изложба на проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет. На настанот присуствуваа Н.Е. амбасадорот на Австрија, г. Мартин Памер, Н.Е. амбасадорката на Народна Република Кина, г-ѓа Џјанг Шјиаојан, како и г-ѓа Тања Прушник, претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Австрија. Нивното присуство ја потврди меѓународната димензија и значење на изложбата, како и нејзиниот културен и уметнички импакт.
Организацијата на изложбата беше реализирана од „Колорис АМ“ од Штип, во соработка со уметникот Боре Минов, при што настанот беше успешно реализиран со значајна посетеност и интерес од јавноста. Преку изложените дела, кои обединуваат експресивна апстракција и длабока концептуална мисла, беше понуден уникатен увид во современиот уметнички израз и човечката состојба. Изложбата поттикна размислување и лична интерпретација кај посетителите, следејќи го водечкиот концепт „Гледај бавно. Сѐ е таму“.
Настанот претставува значаен придонес кон унапредувањето на културната соработка и афирмацијата на уметноста, како и уште една потврда за активната улога на Меѓународниот славјански универзитет во промоцијата на културни и општествени вредности.


















