Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе гостуваа матуранти од средните училишта од Свети Николе, Велес и Куманово.
Учениците имаа можност да присуствуваат на практични работилници од четири области, преку кои им беа демонстрирани наставните програми на нашиот универзитет.