Проф. д-р Рафал Ребилас од WSB University од Полска во посета на Меѓународен Славјански Универзитет
4 април 2023Презентација на МСУ во СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
5 април 2023Претставници од Меѓународниот Славјански Универзитет на 4 април 2023 година го посетија седиштето на Сојузот на индиската индустрија (Confederation of Indian Industry) во Њу Делхи, Индија. М-р Михаела Ѓорчева и Иван Спасев, членови на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет имаа средба со д-р Алпа Антани раководител на Меѓународниот оддел за Европа и Снеха Варма, заменик директорка на Меѓународниот оддел за Европа во Сојузот на индиската индустрија.
Во фокусот на разговорите беше потенцијалот за соработка помеѓу двете институции, особено во делот на истражувањата, практичната работа за студентите, посета на индиските компании и организација на работилници и семинари. Како организација која постои повеќе од 125 години, Сојузот на индиската индустрија директно вклучува над 9.000 мултинационални, мали и средни компании и има индиректно членство од преку 300.000 претпријатија.
Средбата беше заклучена со договор да се искористи потенцијалот за идни партнерства и претставува позитивен чекор кон градење посилни врски помеѓу МСУ и Сојузот на индиската индустрија. Се надеваме дека идната соработка ќе помогне да се унапредат целите на двете институции во Индија и Република Северна Македонија.