Прв академски час за бруцошите во Свети Николе
1 октомври 2025На 30 септември 2025 година Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на Меѓународниот саем за образование, кој се одржа во организација на Универзитетот Чандигар во Индија. Овој значаен настан привлече внимание од универзитети, институции и млади луѓе кои се потенцијални студенти.
Претставниците на Меѓународен Славјански Универзитет имаа можност да споделат информации и брошури за студиските програми од додипломски и последипломски студии, како и академската визија на универзитетот. Посетителите покажаа голем интерес за образовните можности што ги нудиме, особено за програмите на прв циклус.
Овој настан претставува важен чекор во проширувањето на меѓународната соработка и промоцијата на квалитетно образование кое Меѓународен Славјански Универзитет го обезбедува веќе повеќе од две децении.