На 25.02.2020 година, доц. д-р Ана Чучкова и м-р Милена Спасовска од Факултетот за психологија при МСУ одржаа работилница посветена на менталното здравје за учениците од СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе.
На работилницата учениците имаа можност да добијат повеќе информации за менталното здравје како есенцијална компонента на општото здравје, како и да добијат директни одговори на прашања кои ги засегаат како млади индивидуи.