Стручно предавање на МСУ во Битола за штетното дејство на алкохолот
13 март 2018Славјански дел од тимот на иднината на форумот „Русија – земја на можности“ во Москва
17 март 2018На ден 15.03.2018 год. во просториите на Ликовниот салон во Велес се одржа промоција на книгата на просветниот работник Ѓорѓи Илиевски со наслов „Дебар и дебарско низ историјата“.
Тоа е дело што на читателот му дава можност да ја прочита историската репортажа составена од историски процеси и промени како што се Османлискиот период, Преродбенското движење, Македонското револуционерно националноослободително движење, како и промените и процесите што се случувале во овој град во Западна Македонија.
Промотори на книгата беа Претседателот на УО на МСУ „Г. Р. Державин“, д-р Јордан Ѓорчев и Раководителот на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ, проф. д-р Ванчо Ѓоргиев.
Книгата наскоро ќе може да се нарача преку интернет од официјалната веб страница на МЦСП.