Одржана обука за стручни лица од областа на безбедност при работа
Денес, 30 септември, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ започна обука за стручни лица од областа на безбедноста при работа. Предавачи се:
Вангелица Гаврилова на тема „Справување со професионалниот трауматизам во компаниите при услови на пандемија“ и
Лидија Јолеска Буреска на тема „Мерки за заштита, преглед и испитување на цевоводи и греани садови под притисок“.
Сите учесници добиваат сертификати, а оние учесници со лиценца добија потврди со кои ќе можат да се стекнат со 10 бода од Министерството за труд и социјална политика.