Одржан е шестиот Велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца
Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржа ШЕСТИОТ Велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца. За таа прилика студентите на Славјански го изработија најголемото јајце во Македонија, високо 2 метри и 30 цм.
Учесници на натпреварот беа дечињата од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, како и дечињата од детската градинка „Рахилка Гонева“ од Свети Николе, а најуспешните освоија пехари.