На 1-ви и 2-ри јуни наши студенти од Факултетот за безбедносно инженерство – одделение Битола учествуваа во обука на просторни сили за заштита од пожари на отворен простор која се одржа во с. Старавина, односно во Противпожарната спасителна станица Старавина, каде што покрај теоретската и тактичката обука и настава, се здобија и со практична обука за гасење на пожари на отворен простор. Обуката беше во организација на ДПСД „Феникс“ од Битола,
Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, општина Битола и ТППЕ од Битола. Учесниците на обуката се здобија со називот – лице за заштита од пожари на отворен простор – сертификат кој го издава Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ – центар за обука.