Над 200 бруцоши присуствуваа на првиот академски час, како и на свеченото врачување на индекси кое се одржа на 3 октомври со почеток од 12:00 часот на МСУ во Свети Николе. Настанот го водеше Ненад Јованов.
Свои обраќања имаа ректорката на Меѓународен Славјански Универзитет , проф. д-р Ленче Петреска, проф. д-р Габриела Крстевска, деканот на Факултетот за економија и организација на претприемништво, доц. д-р Ана Чучкова, продекан на Факултетот за психологија, проф. д-р Сашо Манасов, декан на Факултетот за информатика, проф. д-р Невена Груевска, продекан на Факултетот за безбедносно инженерство и проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултетот за правни науки.
На настанот студентите можеа да се запознаат со универзитетот и со службите кои работат за да им го олеснат процесот на студирање. Исто така студентите можеа да се запознаат со Службата за студентски прашања, Центарот за кариера, библиотеката, книжарницата и издавачката куќа, службата за Е-учење итн.