Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше промоција на книгата „Патот до розевата панделка“ од д-р Гордана Митева. Промоцијата се одржа на 11.12.2021 (сабота) со почеток од 13:00 часот во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе пред ограничена публика, согласно протоколите.
Целта на книгата е жените да се информираат за ракот на дојка. Настанот го отвори водителот Ненад Јованов, а за книгата говореа: Жарко Костиќ – мотивациски говорник, д-р Виолета Јанковска – радиолог, Емина Петкова – психолог, Снежана Стојанова – лице кое го победи карциномот на дојка.