На 27 март 2024 година, со почеток во 12:00 часот, Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше домаќин на промоција на книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“, од проф. д-р Орце Симов.
Промотор на книгата беше проф. д-р Мирко Спироски кој успешно ги пренесе клучните пораки и значењето на книгата до присутните. Mодератор на настанот беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.
Публиката имаше уникатна можност да слушне за најновите достигнувања и интеграција на истражувањата во областа, со особен акцент на процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. Настанот беше отворен за сите заинтересирани граѓани и со тоа Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да биде крстосница на науката и образованието, поттикнувајќи интерес кон актуелните истражувања во научната заедница.