По повод 21 Март – Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром, во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одржа ревијален натпревар организиран од страна на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Меѓународниот Славјански Универзитет и здружението Порака Нова од Струга. Поддршка на настанот даде и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот и советници.
Сите учесници облекоа чорапи во различни бои, кои ја симболизираат различноста, а говорниците на настанот: Дијана Христовска, директор на ОУ „Коле Канински“, Игор Михајловски, раководител на одделението на МСУ – Битола, доц. д-р Горица Поповска Налевска од Факултетот за психологија при МСУ, Анита Гаговска, претседател на здружението Порака Нова и градоначалникот на Битола испратија моќни пораки во знак на градење на инклузивната култура, подигнување на јавната свест, укажувајќи дека секој од нас ја носи промената и дека само сплотени и со заедничка работа можеме да придонесеме кон развивање на поинклузивно општество. Настанот овозможи меѓусебно дружење и куглање за сите присутни.