На Денот на сесловенските просветители се одржа онлајн промоција на делото „Средношколски размислувања 4“
Денес преку платформата Zoom се одржа промоцијата на делото „Средношколски размислувања 4“. Проектот „Средношколски размислувања“ е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2020 година, а годинава пристигнаа повеќе од 550 есеи. Секоја година наградите од конкурсот се доделуваат на Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј.
За делото „Средношколски размислувања 4“ заедно со средношколците денес говореа проф. д-р Соња Ризоска Јовановска и м-р Кирил Трајчев, потпретседатели на комисијата на конкурсот. Беше замислено наградите да бидат доделени на посебна свеченост на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот, но поради ситуацијата со корона вирусот решивме годинава свеченоста да ја направиме онлајн.
Најважните резултати од овој конкурс се позитивните искуства на секој учесник. Конкурсот беше отворен во време кога сите средношколци беа дома поради ситуацијата со корона вирусот, овозможувајќи им да продолжат да работат на своите вештини од нивните домови.
Некои од средношколците можеби го пронајдоа својот талент во пишувањето па тоа ќе им стане професија, некои од нив можеби само уште повеќе ќе се мотивираат да изберат една од струките поврзани со темата за која што се изразувале во есејот, а некои можеби само ќе го пробијат мразот и стравот кој го чувствувале во врска со пишувањето.
Наградени есеи
Прво место: Јована Неделковска, СМУГС Д-р „Панче Караѓозов” – Скопје -„Неизбежност запишана во нечиј заборавен дневник“ – Златна плакета, лаптоп, комплет од 5 книги
Второ место: Дамјан Златановски, ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово – „На градот му е потребна промена!“ Сребрена плакета, таблет, комплет од 5 книги
Трето место: годинава тројца учесници го делат третото место. За сите тројца учесници ќе биде обезбедена посебна бронзена плакета и комплет од 10 книги.
а) Едон Рамадани, СОУ„Исмет Јашари“ Липково – Udhëtimet afrojnë njerëzit mes vete („Патувањата ги зближуваат луѓето“)
б) Ангела Илиева, СУГС Гимназија „Орце Николов”, Скопје – Do we need science or a miracle to save our planet? („Ни треба наука или чудо за да ја спасиме планетата?“)
в) Ана Трпевска, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје – Животот во година број 3000
бронзена плакета, комплет од 10 книги
Дополнително, останатите учесници во текот на месец јуни ќе добијат:
печатен примерок од изданието „Средношколски размислувања 4“
МСУ подароци
сертификат за учество на конкурсот.
Менторите на сите учесници во конкурсот ќе добијат сертификати.