Делхи, 20 февруари 2024 – м-р Михаела Ѓорчева и Иван Спасев, членови на Управниот Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа на настанот „Индија – Европа: Средба за бизнис и одржливост” во Њу Делхи, Индија, на покана од Конфедерацијата на индиската индустрија.
Истакнати министри од различни земји се дел од настанот, помеѓу кои и Министерот за надворешни работи на Индија, С. Џаишанкар, но и министри од Данска, Австрија, Германија, Грција, Естонија. Настанот покрива широк спектар на теми, од бизнис и трговија до иновации, со речиси 100 говорници и 75 дипломати.
Настанот е организиран од Министерството за надворешни работи на Индија и Конфедерацијата на индиската индустрија, со цел да се овозможи средба и платформа за разговор помеѓу лидери од Индија и Европа, со посебен фокус на бизнисот и одржливоста. Вкупниот број на учесници е над 750, од кои над 350 се од Европа.