
Михаела Ѓорчева добитничка на признание за афирмација на женското претприемништво
4 јуни 2025
Михаела Ѓорчева говорник на #WINLounge за време на Cannes Lions 2025
9 јуни 2025Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од комбинираната интензивна програма организирана од страна на Универзитетот за нафта и гас во Плоешт, Романија, во соработка со партнерот Великотрновскиот Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ (ВТУ) од Бугарија, во рамки на Еразмус+ програмата. Програмата со наслов „Leadership and Change Management Towards Sustainability“ се одржа од 2 до 6 јуни 2025 година и беше наменета за студенти од различни универзитети.
Од страна на Меѓународен Славјански Универзитет, во програмата учество земаа три студентки од кампусите во Свети Николе и Битола. Тие имаа можност активно да се вклучат во интердисциплинарни предавања, практични активности и дискусии насочени кон развој на лидерски вештини и управување со промени во насока на одржливост.
Темата на оваа програма ја потенцира важноста од адаптивно лидерство и стратешко менаџирање на промени, особено во контекст на современите еколошки, економски и социјални предизвици. Преку работа во интернационални тимови, студентите стекнаа вредни искуства и знаења што ќе им помогнат во градење на нивната академска и професионална иднина.
Меѓународен Славјански Универзитет и понатаму активно ги поддржува студентите преку вклучување во европски програми како Еразмус+, кои овозможуваат стекнување на меѓународно искуство и проширување на личните и професионалните хоризонти.









