Меѓународен Славјански Универзитет во октомври ќе учествува на Global Education Summit 2024 во Индија
18 септември 2024Претставници од студентските тела при МСУ остварија средба со Националниот координатор за реформи во високото образование
24 септември 2024Претседателот на Управен одбор при МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, потпишаа договор за соработка за продолжување на образованието на припадниците на Ромската заедница во Република Северна Македонија.
Днешниот состанок е за продлабочување на веќе постоечката соработка, а со самото стипендирање од страна на универзитетот, се помага на претставниците од Ромската заедница за нивна интеграција и имплементирање на инклузијата.
Меѓународен Славјански Универзитет веќе неколку години наназад доделува стипендии на претставниците од Ромската заедница и се труди квалитетното образование да е еден од најважните сегменти за нив.