Меѓународен Славјански Универзитет ја започна Climate Week NYC 2025 со Forbes Sustainability Leaders Summit 2025
23 септември 2025Михаела Ѓорчева од Меѓународен Славјански Универзитет на Nest Climate Campus во Њујорк
27 септември 2025Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет и основач на Киноверзум имаше свое обраќање на престижниот настан WIN Lounge во Њујорк, кој се одржа во рамки на Climate Week NYC, паралелно со 80. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Панелот „The Planet Playbook: Women Leaders Reshaping the Climate Economy“ беше модериран од Ема Хинчклиф, уредничка на списанието Fortune за листата Most Powerful Women. Во своето излагање, Михаела Ѓорчева зборуваше за значењето на образованието во справувањето со климатските промени, нагласувајќи дека вистинскиот напредок започнува со знаење, свесност и едуцирани генерации подготвени за одговорно лидерство.
На панелот заедно со Михаела Ѓорчева говореа Теа Трумбиќ од Светска банка и Аманда Елис, поранешна амбасадорка во Обединетите нации. Настанот, организиран од Women Inspiring Network (WIN), вклучи вкупно девет панели посветени на глобални теми од областа на одржливоста, иновациите и женското лидерство.
Во рамки на истиот ексклузивен настан, свое обраќање имаше и Џајант Чаудари, Министер за развој на вештини и претприемништво (со независен ресор) и Државен министер во Министерството за образование на Индија. Тој го истакна значењето на човечкиот капитал во забрзување на зелената транзиција, како и иновативниот пристап на Индија кон образованието и вештините.
Учеството на Михаела Ѓорчева на настанот е од исклучителна важност за Меѓународен Славјански Универзитет, особено во период кога универзитетот воведува нови студиски програми насочени кон одржливост и безбедност. Програмите како Безбедност од пожар и Управување со отпад се директен одговор на современите предизвици и претставуваат инвестиција во иднината на заедницата.
Овој глобален ангажман ја потврдува мисијата на Меѓународен Славјански Универзитет да создава кадри со знаење и свесност за клучните општествени прашања и ја истакнува улогата на универзитетот како образовна институција која активно придонесува кон градење на поодржливо општество.