
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МСУ и Мрежата на македонски доброволни противпожарни друштва
24 март 2026Студентката Марија Живковиќ од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет успешно ја реализираше својата студентска мобилност во рамки на програмата Еразмус+ на Универзитетот во Евора, Португалија.
За време на престојот, таа активно учествуваше во наставни и академски активности, се запозна со современи пристапи во областа на психологијата и разменуваше знаења и искуства со студенти од повеќе земји. Ова искуство придонесе за проширување на нејзините академски и културни хоризонти, како и за стекнување нови перспективи во образованието.
Покрај академскиот ангажман, Марија покажа и високо ниво на општествена одговорност, при што за време на мобилноста волонтерски се вклучи во грижа за животни. Таа активно помагаше во чување и нега на животни, како був и еж, оставајќи позитивен впечаток со својата посветеност и ангажираност.




Мобилноста се одвиваше во позитивна и поддржувачка средина, при што беа исполнети очекувањата во однос на квалитетот на наставата, организацијата и студентскиот живот на Универзитетот во Евора.
Со ваквите успешни примери, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да ги поттикнува своите студенти да учествуваат во меѓународни програми, овозможувајќи им да стекнат вредни знаења, искуства и компетенции кои се од суштинско значење за нивниот понатамошен академски и професионален развој.




