Отворање на Форензички и Кибернетички Центар во Свети Николе: Академски одговор на дигиталните закани
2 јули 2025Меѓународен Славјански Универзитет на свечениот прием по повод 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Казахстан
4 јули 2025Овој чекор претставува значаен напредок во унапредувањето на интеркултурната соработка, со што Универзитетот отвора нови можности за млади луѓе од турската заедница во источниот дел на земјата. Во рамки на договорот, Меѓународен Славјански Универзитет ќе им овозможи пристап до современи студиски програми на заинтересираните кандидати од здружението, а особено важно е што ќе бидат доделени две стипендии за двајца студенти кои ќе бидат избрани преку здружението. Со оваа соработка се продлабочува заложбата на Универзитетот за креирање инклузивна академска средина и поддршка на младите од различни заедници, со цел изградба на општество базирано на знаење, почит и соработка.
На настанот присуствуваше и нашата Еразмус+ студентка од Турција, Ајсима Џејлан, која во моментот е на пракса на Меѓународен Славјански Универзитет. Нејзиното присуство придонесе за дополнително збогатување на средбата со лична и интернационална перспектива на значењето од ваквите соработки.