Меѓународен Славјански Универзитет го освои второто место на Државниот универзитетски куп во ракомет во женска конкуренција кој се одржа во спортската сала „Цар Самоил” во Свети Николе на 1 јуни 2023 година. Технички организатор беше Меѓународен Славјански Универзитет во соработка со Универзитетска Спортска Федерација на Македонија – УСФМ. Во еден исклучително спортски амбиент се сретнаа екипите на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Резултати:
Во една резултатска неизвесност, со тимови составени од квалитетни ракометарки кои се активни студентки на трите универзитети, првото место го освои екипата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, втори беа нашите девојки од Меѓународен Славјански Универзитет, додека третото место припадна на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Им честитаме на нашите девојки за борбеноста која ја покажаа и благодарни сме што благодарение на нив Ѕидот на успехот на нашиот универзитет ќе биде закитен со уште еден вреден пехар од Универзитетската лига.