Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Велес во СОУ „Јовче Тесличков“, СОУ „Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“ и ССОУ „Коле Неделковски“.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!
15 години Меѓународен Славјански Универзитет