Во преполната сала на Mayberry Highway во Свети Николе во преубава свечена атмосфера се одржа завршниот дел од манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2023 година“. Горди сме што на овој значаен настан Меѓународен Славјански Универзитет доби признание за „најдобро во образованието“. Овој избор е направен од страна на новинарите од источниот регион, што ја прави оваа награда уште повредна.
На настанот претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, на амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја, му подари уметничка слика насликана лично од него. Амбасадата на Јапонија исто така ја доби наградата „Најдоброто од Истокот“, како земја што е посветен донатор за развојот на регионот.
На истата манифестација на нашиот професор д-р Орце Симов од Факултетот за технички науки и информатика при МСУ му беше врачена награда за „најдоброто во науката“.