
Покана за предавање: „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“
3 април 2026На Меѓународен Славјански Универзитет беше реализирана значајна меѓународна посета од Кадир Карабаг од Универзитетот Фатих Султан Мехмет Вакиф од Истанбул, Турција, кој престојуваше во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност на кадар за обука.
Кадир Карабаг, специјалист за информатички технологии, за време на својот престој оствари работна средба со Благој Митев, раководител на ИТ одделот на Меѓународен Славјански Универзитет. Во рамки на средбата беше реализирана конструктивна дискусија насочена кон размена на искуства, практични решенија и современи пристапи во управувањето со информатичките системи. Посебен акцент беше ставен на унапредување на техничките капацитети, дигитализацијата на образовните процеси, како и имплементацијата на иновативни ИТ решенија во високото образование.
Посетата овозможи продлабочување на професионалните релации помеѓу двете институции и отвори простор за идни иницијативи и заеднички активности во областа на информатичките технологии. Ваквите средби претставуваат важна платформа за споделување на знаење, следење на глобалните трендови и унапредување на институционалните капацитети.






