Од 14 до 22 октомври македонска делегација составена од приближно 40 млади луѓе од повеќе градови во Македонија беше дел од 19-тиот Светски фестивал на студенти и млади кој се одржа во Сочи, спортската престолина на Русија. Повеќето од македонските претставници се студенти, но дел од нив работат и во организации за млади луѓе или универзитети. Тие доаѓаат од разни делови на Македонија – Скопје, Куманово, Свети Николе, Велес, Битола, Прилеп, Кичево…
Ова е прво учество на Р. Македонија на овој фестивал. Делегацијата составена од амбициозни млади луѓе успешно ја претстави Р. Македонија во Сочи, со поставување на инфо штанд на „Улицата на светот“, каде беа поставени штандови од повеќето земји учеснички во фестивалот. Македонскиот штанд беше посетен од бројни странски делегации, помеѓу кои беа Индија, Египет, Пакистан, Русија, Индонезија, Јамајка, Камерун итн.
На Светскиот фестивал за млади и студенти е традиционално да се разменуваат пораки помеѓу учесниците од различни земји. Македонската делегација размени над 300 пораки со студенти од целиот свет во кои се пренесуваат искрени желби за идна соработка и дружење.
Македонската делегација зема учество и на меѓународната изложба „World Inflorescence“, за која требаше да се редизајнира официјалниот симбол на фестивалот, камилицата, со националните карактеристики на секоја земја. Дизајнот на македонската „камилица“ беше инспириран од Грбот на Македонија, а финалниот изглед беше осмислен од студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет од Свети Николе.
Меѓународниот Славјански Универзитет, како единствена институција која беше дел од македонската делегација, се погрижи за подготвување на материјалите и сувенирите за претставување на Македонија, дел од кои беа обезбедени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На фестивалот го посетивме и штандот на нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија.
Освен во Сочи, скоро сите македонски учесници на фестивалот имаа можност да посетат и други градови во Русија, од Владивосток на исток до Калининград на запад. Македонските учесници кои не беа дел од регионалната програма, присуствуваа на церемонијата за отворање на фестивалот во Сочи, нешто што тие го опишуваат како „моментот што ќе го паметат цел живот“.
Фестивалот беше вистинска инспирација за сите учесници – тој им покажа на сите колку е важно младите од целиот свет да бидат сплотени, без разлика на нивната религија, култура или националност. За мирен свет, потребно е да имаме вистински пријателства, да градиме меѓусебна доверба и почит, а не ривалство.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |