Интервјуто со нашата студентка Јована Огненовска – Бакаловска за Fakulteti.mk
Како некогашен уметнички уредник на најпопуларното списание за жени во Македонија, Комплетна, студент на Славјанскиот универзитет, колумнист и автор на неколку книги, Јована Огненовска – Бакаловска за себе вели дека го живеела сонот на секоја девојка.
Денес таа живее во Оксфорд, Англија, и работи како психолог-психотерапевт во еден од најголемите психолошки центри – „Littlemore“ и вели дека во моментов ова е единствената професија во која се пронаоѓа.
Ф:Како и кога се роди љубовта кон психологијата кај тебе?
Ј:Љубовта кон психологијата едноставно отсекогаш била присутна во мојот живот, така што речиси и да не постои одреден момент во животот кога нешто посебно сум почнала да се интересирам за неа. Она што можам да го издвојам како „тригер“ во даден момент беше професионалното пишување текстови врзано за списанието Комплетна.
Ф:Како почна да ја градиш твојата кариера како психолог?
Ј:По завршувањето на Филолошкот факултет во Скопје, се запишав на Филозофскиот факултет на Факултетот по психологија во Скопје. Растргната помеѓу редовните студии на факултетот по психологија и професионалните обврски во издавачката куќа НАМ Пресс, морав да одлучам да се откажам од нешто, бидејќи исцрпувањето беше навистина безмилосно.
Во тоа време на двоумење, се запознав со м-р Вангелица Гаврилова, вработена на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет. Привлечена од тоа што таа ми го долови за Славјанскиот Универзитет како образовна институција на која студентите студираат без непотребни притисоци и имаат шанса да учат од најдобрите од областа на психологијата, одлучив да ги продолжам моите студии таму.
Ф:Од твое искуство, дали постои разлика меѓу државните и приватните универзитети?
Ј:Разликата во студирањето беше повеќе од воочлива – од една конзервативна и стереотипна средина во која професорите се уште агресивно го наметнуваа својот авторитет, се најдов во една релаксирана и пријатна институција во која уште од влезната врата ве пречекуваат позитивни и насмеани лица подготвени да ви помогнат и да ви го направат студирањето вистинско задоволсво. Тој принцип на студирање што го применува Меѓународниот Славјански Универзитет е принципот по кој се студира и на универзитетот во Оксфорд, еден од најстарите универзитети во светот.
Ф:Дали сметаш дека твојот избор на универзитет беше еден од важните фактори кои помогнаа во градење на твојата кариера?
Ј:Дипломирањето на Факултетот за психологија при Славјанскиот универзитет, како ипоследипломските студии на отсекот Клиничка психологија на овој универзитет одиграа клучна улога во мојата професионална определба. Не можам ниту да замислам во моментов да се занимавам со нешто друго, освен со психологија. Едноставно деловите од мојата животна сложувалка една по една се склопуваат и во моментов нескромно можам да се пофалам дека себе си си трасирам кариера која многумина психолози во Македонија би ја посакале.
Ф:Денес живееш и работиш во Оксфорд. Како твоето образование придонесе да се вклопиш во целата таа средина? Како твојата диплома беше признаена во Велика Британија?
Ј:Признавањето на дипломата од Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет беше пресудно за моето брзо професионално вклопување. По признавањето на дипломата од страна на официјалното англиско тело за компарација на компатибилноста на странските дипломи и сертификати со англиските образовни програми – NARIC, следниот чекор беше здобивање со професионална регистрација со здруженијата на психолози и социјални работници. Па така, регистрацијата со British Psychological Society (BPS), Health and Care Professions Council (HCPC), како и регистрацијата со British Association of Counselling and Psychotherapy (BACP) е повеќе од доволен доказ за релевантноста на дипломата со која се здобив на Меѓународниот Славјански Универзитет.
Ф:Што значи да бидеш член на најголемото психолошко друштво во Британија, British Psychological Society (BPS)?
Ј:Членувањето во BPS ми дава голема предност, бидејќи како психолог кој се занимава со истражувачка дејност, постојано ми се потребни информации од најнови истражувања.
Со самото членство имам ексклузивно право на месечното издание на списанието The Psychologist кое ги содржи сите најнови психолошки достигнувања во Англија и пошироко, како и картичка за членство со која ми е овозможено присуство на сите семинари, конференции и обуки организирани од BPS во Англија и насекаде во светот.
Статистичките податоци што ги наброив се сигурен доказ за атрактивноста на психологијата во Британија.
Ф: Како напредуваше во својата кариера?
J: По официјалното доселување во Оксфорд и по признавањето на дипломата, од 2011 година сум вработена во Littlemore, еден од најголемите психијатриски центри во Оксфорд. Можам да кажам дека имав и голема среќа да се најдам во вистинско време на вистинското место, со вистинските луѓе. Без ниту малку одолговлекување, ја добив првата работа за која аплицирав. Започнав како Mental Health Care Assistant, па после неколку месеци напредував во Assistant Reseаrch Psychologist на проекти поврзани со млади заболени од деменција. Пред заминувањето на породилното отсуство се здобив со позицијата наSenior Family Support Worker и работев само на евалуација на предвидените терапии за лекување на пациентите и психолошката поддршка на семејствата на пациентите.
Од пред една недела добив навистина прекрасна понуда за работа во областа на форензичката психологија, како дел од тимот The Forensic Community Mental Health Team (FCMHT) исто така во склоп на Littlemore Mental Health Centre.
Форензичката психологија отсекогаш ми била предизвик, па секако би се обидела да се вклопам себе си и во оваа област. Моето животно мото вели дека секое искуство во животот е добредојдено.
Ф:Што би им препорачала на нашите читатели и идните студенти?
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |