Студенти од Славјански го реализираа проектот „Чекориме заедно“.
28 февруари 2018На Славјански отворена изложба на делата на Верче Андонова
13 март 2018Вечерва на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше отворена изложбата „Русите во Северна Македонија (1920-1940)“.
Амбасадорот на Руската Федерација во Р: Северна Македонија, Н.Е. Олег Шчербак, ја отвори изложбата која ќе биде поставена во просториите на Славјански до 13-ти март.
Изложбата е организирана од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Северна Македонија и дава претстава за животот на руските имигранти во Северна Македонија и за дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти. Во изработка на изложбата учествуваа Институтот за националната историја на Северна Македонија и Државниот Архив на Република Северна Македонија.