Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе свечено беше отворена изложба на уметнички слики насловена „Различни перспективи“.
Беа изложени слики со различна тематика од четири талентирани автори – Кристина Александарски (дипломиран уметник), Сара Трајковска (слободен уметник), Каролина Николова (слободен уметник) и Катерина Трајковска (дипломиран уметник).
Изложбата беше оранизирана на иницијатива на Претседателот наСтудентски сојуз на Меѓународен Славјански Универзитет – Ана Ѓорѓиева Пантовски и ќе биде поставена на универзитетот до крајот на месец јуни.