
Кугларки од Пелистер Пин на камп за најдобрите млади куглари во Хрватска
16 август 2023
Втор ден од проектот Еразмус+ „Together for the digital future of Kyustendil“
4 септември 2023Студентката Марија Бундалевска од Факултетот за Безбедносно Инженерство при Меѓународен Славјански Универзитет го реализираше летниот семестар во рамки на програмата Еразмус+, на Универзитетот во Нови Сад, Република Србија.
За време на мобилноста, наставата ја следеше на Факултетот за технички науки, каде успешно ги реализираше своите академски обврски, редовно учествуваше во наставата и се вклучи во различни студиски и академски активности. Престојот ѝ овозможи да стекне нови знаења, да ги унапреди своите стручни компетенции и да се запознае со современи пристапи во областа на безбедносното инженерство.
Покрај академските обврски, Марија имаше можност да се интегрира во студентската заедница, да разменува искуства со колеги од различни земји и да воспостави нови меѓународни контакти. Нејзиниот престој во Нови Сад поминал успешно, при што таа стекнала позитивни искуства како на академски, така и на личен план.
Овој пример претставува потврда за значењето на програмата Еразмус+ и придобивките што ги нуди за студентите, како и за посветеноста на Меѓународниот славјански универзитет во поддршката на студентската мобилност и интернационализацијата на високото образование.








